Коњи на поило - Пролет во комшилукот на Гркот Зорба - Video
PUBLISHED:  May 17, 2011
DESCRIPTION:
'Коњи на поило' е таен бенд за кој се верува дека постоел на територијата на Скопје во периодот од септември 2006 до февруари 2008 година. Композицијата е дел од нивниот снимен, но никогаш необјавен повеќекратен албум, „Средби". Снимено на 6 април 2007, на поилото кај „Црвениот, на пример". Музика: „Коњи на поило". Како членови на 'Коњи на поило' се споменуваат: „Црвениот, на пример"; „Белиот, на пример"; и „Црниот, на пример". Според преданијата и урбаните легенди, во создавањето на музиката, покрај нив, речиси секогаш, учествува и некој од нивните поблиски пријатели, во визуелната појава на бендот персонифицирани преку кучето од славниот гоблен. Не е познато каде се во моментов и дали се собираат околу некое поило - Црвениот, Црниот и Белиот, на пример. Како автор на серијалот „Урбани легенди", што го пишувам во неделникот „Форум", од нивниот PR агент со прекар „Асанж" ми беа доставени дел од снимките настанати на поилото, со дозвола да ги објавам, но, строго под неговите услови за дозиран публицитет.
follow us on Twitter      Contact      Privacy Policy      Terms of Service
Copyright © BANDMINE // All Right Reserved
Return to top