Stihoven Kalibar - Makedonija [ Official Video ] HD - Video
PUBLISHED:  Dec 23, 2010
DESCRIPTION:
Directed by Darko Kostovski...Guitar & Bass - Trajce Mitreski, Piano - Bluzovski, special guest - Ivan Velkovski....album Posledniot Zavet 2011

Лето седумдесдевето за прв пат го видов светот
татко ми во Славија чекал во редици за млеко
сите бевме еднакви тоа го вергла секој лаик
еднакви у кецели а некој носеа и најк
Учи да не работиш викаа комунистите
по 20 години школо гледам во право дека биле
А од бившото Ју само ни остана Југо
Лоповите од комунизмот гледам возат нешто друго
Денес се други времиња бои променија
од пиљари во ПиаРи на кредит не заробија
со мито и корупција, курви и проституција
сељаци покондурени не дупат со историја
Во земјата на сонцето на врв се сончогледите
поради долгиот јазик останав на маргините
и станав далтониста од сините, црвените
Во банана државaтa на врвот се мајмуните
Гордост на градот е шлајмот а интелектот во аут
терор на малограѓани со ситни души како наут
без ниедна фабрика само коцкарници, казина
секој ден на кафиња во безделничарска рутина
Секој втор е стечаец а секој трет е криминалец
понуда за работа за аргат или комуналец
жртви на транзиција во Бутел си заминаа
за едните е како мајка а за други маќеа
младина без иднина оставена на немилост
чуство на депримираност и секој ден е ден на жалост
бара излез во порок изгубена во очајот
животите промашени во рацете на демонот
Некој ја сака земјата, некој ги дрпа еврата
за пари се натртија ја сменија и верата
со БМВ и мерцедеси татини деца како плевел
стојам цврсто на бедем матер на сите да ви ебем

рефрен

И кога татковината ми сврте грб паднав доле
Како најголем лузер се осетив ко копиле
А времето ќе ни суди колку сме оставиле
И Господ ќе ни пресуди за се што сме направиле
follow us on Twitter      Contact      Privacy Policy      Terms of Service
Copyright © BANDMINE // All Right Reserved
Return to top