David Black - Повратна порака (2016) - Video
PUBLISHED:  Nov 24, 2016
DESCRIPTION:
Tекст:
Не верував никад дека би дошло до ова
играм оро што го почна но прашувам до кога?
си обиколен од лицемери затоа немаш надеж
се што прават они е те влечат да паднеш.
Сега ќе ти зборам отворено ко никад до сега
неќеш во живо? но ќе сакаш преку песна
свеста некад ми работи и двеста
а моливот на лист на секоја ваква песна.
Незнам како да ти го прикажам ова
мислам дека до сега 500 пати пробав.
Се борам да направам нешто за сите нас
а ти уште мислиш дека не те гледам како БРАТ!
Сум те ценел и те ценам повише од што мислиш
затоа што не верувам во тоа „ СИТЕ СМЕ ИСТИ “,
зошто никад не сум те поделил како власт
ова е од МЕНЕ ДО ТЕБЕ не ОД МЕНЕ ДО ВАС!


Реф х2:
Ова нека е порака до тебе втора повратна
никад не те одјебав не те оставив повтарам
па дали јас те сакам одговорот ти е јасен
и за се одговор се крие во текстот внатре.

Не помислувај да дојде до тоа денес
ниту не ми викај дека песнава не е за мене
не ми е јасно што е со тоа „ Кој е следен ? “
затоа што мене ми личи, ти бараш замена за мене
никад не сум одел контра на ништо што си кажал
и никад не сум земал право јас за да те лажам.
Верувај дека е вака и не е дека сакам
туку од едноставна причина дека тебе те сакам.
Па драг пријателе, драго Македонче
сакам да ти се заблагодарам што ме прими овде
овде на местово каде што мрднав јас од точка
и успехот почна да ми тече како мочка.
Почнав дури на тракава да се кочам
го пишувам текстот тракава се тресе од нервоза
ми остави лузна за секад ко песна во рапот
човек кој до ден-денес ко сметам за ТАТКО!

Реф х2:
Ова нека е порака за тебе втора повратна
никад не те одјебав не те оставив повтарам
па дали јас те сакам одговорот ти е јасен
и за се одговор се крие во текстот внатре.

Незнам зошто зема право за ваков замав
ти бараш помош, но никад не ја бараш
Сфаќам дека некад не сум се понудил
Дали за нешто што си побарал не сум се потрудил?
Сме трошеле саати на муабети ко денес
чекајќи одговор сум заспивал на твојот кревет.
Памтам се, памтам точно од што почнавме
памтам колку ме сакаше и колку за мене се бореше
се што имам сега е само еден голуб
кој ми кажа дека ти си сакал да кажеш ЗБОГУМ!
Денот кога си отиде јас пред твојот влез дојдов
ја минав цела вечер седејќи под твојот прозор.
Сега се прашувам, зарем има намера?
јас сум давал помош но не била брат прифатена
и јас ТЕ САКАМ повише од се,
знаеш кај да ме најдеш поздрав лично од David Black!

Реф х2:
Ова нека е порака за тебе втора повратна
никад не те одјебав не те оставив повтарам
па дали јас те сакам одговорот ти е јасен
и за се одговор се крие во текстот внатре.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Песнава веќе ја нема на YouTube, затоа и ја ставив.
Сите авторски права ги задржува Давид, јас не поседувам никакви авторски права.
За употреба на песнава во ваше видео прашајте го Давид!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
follow us on Twitter      Contact      Privacy Policy      Terms of Service
Copyright © BANDMINE // All Right Reserved
Return to top